Лидерот на Хезболах тврди: Израелците имаа намера да убијат 5.000 луѓе во еден миг

Од:

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах им се обрати на членовите на оваа милитантна група и на граѓаните на Либан по серијата експлозии на пејџери и други електронски уреди, за кои го обвини Израел.

– Она што ме натера денеска да зборувам се настаните што се случија во изминатите два дена, а за тоа се потребни зборови, проценка и став. Она што се случи во последните неколку дена очигледно бара од нас да заземеме став – рече Насрала на почетокот на својот говор.

Тој рече дека „израелскиот непријател целел многу пејџери“ и на тој начин „всушност ги преминал сите црвени линии“.

Тој додаде дека експлозиите „се случиле во болници и аптеки, во пазари, во продавници, во куќи, во автомобили и на улиците каде што имало многу цивили, жени и деца“.

– Сведоци сме на голем масакр низ државата, масакр невиден. Израелците ги прекршиле сите правила за конфликт – рече Насрала, нагласувајќи дека „Израелците имале намера да убијат 5.000 луѓе во еден миг.

Како што јавува Би-Би-Си, во Либан и северен Израел се слушнале сирени за воздушен напад, а израелската армија (ИДФ) врши напади врз Либан додека Насрала држи говор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски