Починатиот од западно-нилска треска не патувал, заразен е во земјава

Од:

Едно лице почина на Инфективната клиника од вирусот на Западно-нилска треска. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од почетокот на годината до сега има вкупно 30 тестирања за западно нилска треска, од кои што четири се потврдени случаи како позитивни, при што четвртиот случај завршил со смртен исход, информира денеска на прес-конференција директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

-Првиот случај е тестиран во април, и човекот е од Струмица импортиран од Кенија. Вториот случај е човек од Кочани импортиран од Тунис, во јули месец тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август месец – човекот е од Тетово, и при епидемиолошката анкета не изјавува дека имал некакво патување.

Четвртиот и последен случај е тестиран во ИЈЗ на 12 септември месец. Човекот е од Чешиново Облешево, бил хоспитализиран на Инфективната клиника и за жал истиот е починат. При епидемиолошката анкета, истиот дал податок дека не патувал никаде, рече Андоновска.

На прашањето какви симптоми имал, имајќи предвид дека завршил со смртен исход, Андоновска кажа дека од нивната епидемиолошка анкета се забележува дека човекот изјавувал дека имал вознемиреност, губиток на свест, температура и малаксаност.

Осумдесет отсто од пациентите заразени со вирусот на Западно-нилска треска се асимптоматски. Можеби некој од нас тука веќе прележал во текот на летото. Околу 19 отсто, имаат по некоја блага клиничка форма, со мала треска, со болка во мускули, измоштеност, и тоа може да поминува така без да знаеме дека го имаме тоа. Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации, изјави денеска директорот на Инфективна клиника Фадил Цана, откако во земјава беше регистриран случај на починат од Западно-нилска треска.

-Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации што е во конкретниов случај, утврдуваме дека кај пациентот особено во старосната група над 75, конкретно имаме 77-годишен пациент, кај што се развива таа невролошка манифестација која може да заврши со летален исход. Тоа што сите го знаеме, и светот го знае, и научната јавност дека за Вестнајл вирусот нема специфична терапија. Ако може да се превенира нешто, тоа е преку програмите за дезинсекција што е во надлежност на општини и на други институции, вели Цана.

Би можело да ве интересира

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Во исклучените фрижидери во ИЈЗ има реагенси за голема кашлица од која моментално има епидемија

Катерина Ѓуровски

Саботажа во Институт за јавно здравје, се истражува кој и зошто ги исклучил фрижидерите со регенси

Катерина Ѓуровски

Левица: Само во Македонија црвен аларм за опасност од топло време е на 44 стрпени Целзиусови

Катерина Ѓуровски

Марија Андоновска нова директорка на Институтот за јавно здравје

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи