Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица се поразени во првото коло од Лигата на шампионите на ЦЕВ од грчки Олимпијакос со 3:0, по сетови 15:25, 17:25 и 15:25.
Првиот натпревар се одигра вечерва во Струмица, во Салата „Парк“, а Грците беа убедливи во сите сетови и до победата стигнаа по еден час и петнаесет минути игра.
Реваншот се игра по седум денови во Грција, во Пиреа. Доколку и во реваншот струмичани бидат поразени, продолжуваат во Купот на ЦЕВ
каде треба да се сретнат со победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар на 1 октомври.