Бербок: Ако „падне“ Украина, следна на мета е Молдавија

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денеска во Кишињев дека Молдавија би можела да биде „следна на линијата“ доколку Украина падне и дека поддршката на Украина го гарантира нејзиниот опстанок.

„Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и охрабрување на стабилизацијата во Молдавија. Јасно е која е најголемата грижа: ако Украина падне, Молдавија е следната земја во редот“, рече Аналена Бербок за време на посетата на Кишињев, каде што присуствува на состанок на Молдавската платформа за партнерство заедно со претставниците на Франција и Романија, пренесува Ројтерс.

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат својата поддршка.

„Руската војна против Украина, која ја осудивме првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната продолжува сериозно да го кочи нашиот економски развој и ќе го попречува се додека војната продолжи“, рече Маја Санду.

Молдавската платформа за партнерство беше лансирана од Германија по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бербок: Израел има право да цели на цивилни цели во Газа

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Бербок: Путин со нов терор одговара на мировните предлози

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени