Бербок: Путин со нов терор одговара на мировните предлози

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека единствениот одговор на рускиот претседател Владимир Путин на сите обиди за воспоставување мир во Украина е само зголемено насилство.

„Европа соработува со Украина секој ден за постигнување мир. Во изминатите 2,5 години вложивме максимални напори мирот да го доближиме барем еден милиметар. Но, за жал, на апсолутно секој чекор кон мирот, без разлика кој го предложи, Русија одговори со нов терор, од европска гледна точка, единствениот одговор на рускиот претседател веќе 2,5 години е дека тој сака да ја уништи Украина наместо преговори“, рече Бербок на заедничката прес-конференција со нејзиниот индиски колега Субрахмањам Џаишанкар во Берлин.

Според неа, тоа не значи дека треба да се запрат напорите.

Бербок потврди дека Русија е поканета на вториот мировен самит, но таа брзо одговори со одбивање.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Путин: Неопходен е нов светски поредок

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски