Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

Од:

Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената компанија која се пријави на тендерот за замена на компресорската станица за хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

– Ве известуваме дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда, со која е избрана понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас, информираше Министерството за здравство.

Ова беше втор тендер за фирма за компресорската станица. Го распиша Министерството за здравство, претходниот кој не успеа го распиша Службата за заеднички работи на Клинички.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките