„Фич“ предвидува пад на грчката економија од четири отсто

Од:

Меѓународната агенција за утврдување на кредитните рејтинзи „Фич“ предвидува дека Грција и оваа година ќе остане во рецесија, со пад на нејзината економија од четири проценти.

Како што објави весникот „Имерсија“, „Фич“ прогнозира дека следната година Грција ќе излезе од повеќегодишната рецесија и дека ќе оствари економски раст од 0,5 отсто.

„Фич“ очекува во текот на 2013 година грчкито долг да се зголеми на ниво од 176,1 отсто од бруто домашниот производ на земјата, а буџетскиот дефицит да се намали на 4,1 проценти. Лани грчкиот буџетски дефицит изнесуваше 10 отсто од БДП, а за догодина „Фич“ предвидува тој да се сведе на 3,7 проценти.

Ваквите прогнози се нешто пооптимиситчки од оние предвидени со договорот меѓу Грција и меѓународните кредитори околу исплатата на финансиската помош за Атина, склучен во јули годинава, наведува „Имерсија“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит