Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

Од:

Доналд Трамп синоќа излезе со соопштение во кое изјави дека „никогаш нема да се предаде“. Тоа беше негова изјава откако пукаа во негова близина додека играше голф на Флорида.

„Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: Јас сум безбеден и добар! Ништо нема да ме забави. Никогаш нема да се предадам, рече тој.

„Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Господ да ве благослови“, напиша Трамп.

Тој повторно се јави утрово. Тој им се заблагодари на сите за нивната „грижа и добри желби“ по „очигледниот обид за атентат“ врз него.

Во објавата на неговата платформа, Трамп рече „голема благодарност до американската тајна служба, шерифот на округот Палм Бич Рик Бредшо и сите органи за спроведување на законот за неверојатната работа направена во Трамп Интернешнл“. „Јас, 45-тиот претседател на САД и републиканскиот кандидат на претстојните избори, безбеден сум поради нив. Тие завршија апсолутно извонредна работа“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај