Возилата грин машинс на БРАКО на саем во САД

Од:

На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија.

Станува забор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица за комунални прашања од стотици американски градови.

Еколошките и технолошки напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во македонската фабрика Брако, предизвикаа голем интерес поради нивниот модерен дизајн, ефикасноста и ефективноста што ја покажуваат при чистењето, економичноста и еколошките карактеристики.

На саемот беа изложени електричните модели 500 ZE и 400 ZE, како и унапредениот дизел модел 636, кои се најпродавани модели во палетата и се користат во повеќе од 60 земји на сите континенти во светот.

Возилата Грин Машинс се продаваат на американскиот континент преку фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија и преку застапништвото во Мексико.

На саемот за комунални работи PWX 2024, кој е во организација на Американската Асоцијација за комунални работи, учествуваа околу 500 изложувачи, меѓу кои и најпознатите светски брендови во сферата на одржувањето хигиена во урбани средини со возила на класичен, електричен и водороден погон, а велешки БРАКО произведува модели на сите три погони.

Би можело да ве интересира

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина

ВИДЕО: Новото електрично возило „ГРИН МАШИНС” На БРАКО претставено во Минхен

Брако ќе промовира ново електирчно возило на саем во Минхен

Предраг Петровиќ

Грин машинс на „БРАКО“ склучи соработка за продажба во Мексико со мексиканскиот застапник „Мегамил“

Раст од 40% на продажбата на возилата Грин Машинс на БРАКО во 2023 година