Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Од:

Во украинскиот град Харков е прогласена тревога за воздух, а при нападот со дрон се слушнале неколку експлозии, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, известил дека според првичните информации нема повредени во нападот, пишува Укринформ.

Шефот на регионалната државна управа во Харков, Олег Синегубов, објасни дека руските сили користеле најмалку двe беспилотни летала, а пожарот избувнал во неколку нестанбени згради.

Според украинската агенција, во последните 24 часа во руските напади во областа Харков биле повредени пет цивили, а во текот на ноќта руските војници со наведувани воздушни бомби ги нападнале Харков и Золочив.

Во исто време, претседателството на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) објави дека украинските сили ја гранатирале областа ДНР вкупно 17 пати во изминатите 24 часа, а двајца цивили и тројца вработени во руското Министерство за вонредни ситуации се повредени.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина