Буданов: Северна Кореја е најголемата закана за Украина од сите руски сојузници

Од:

Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масивното снабдување на Москва со артилериски гранати што се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов.

„Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите“, рече тој на конференцијата во Киев.

Властите на Северна Кореја „обезбедуваат огромни количини артилериска муниција и тоа е критично за нас“, рече генерал Буданов.

„Непријатно е тоа што испорачуваат и балистички ракети“, но, како што нагласи, е помалку сериозно поради нивната помала количина.

Би можело да ве интересира

Буданов се надева: Русите немаат потенцијал, офанзивата ќе трае најмногу два месеци

Буданов: Украинските сили со 70 дронови го нападнаа рускиот аеродром во Ростовската област

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

Буданов е нов врховен командант на вооружените сили на Украина

Буданов: Путин оваа година може да очекува уште повеќе напади на Крим

Горан Наумовски

Украина потврди дека сопругата на Кирил Буданов била отруена

Горан Наумовски