Украина потврди дека сопругата на Кирил Буданов била отруена

Од:

Сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба е отруена со тешки метали и се лекува во болница, потврди портпаролот на украинската разузнавачка агенција (ГУР).

„Да, можам да ја потврдам информацијата, за жал, тоа е вистинита“, изјави портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, без да појасни кога се случило труењето.

Украинскиот сервис на Би-Би-Си го цитираше Јусов, кој додаде дека неколку функционери на ГУР исто така имале поблаги симптоми на труење.

Маријана Буданова е сопруга на Кирил Буданова, кој ја предводи украинската воена разузнавачка агенција ГУР, служба која е силно вклучена во тајни операции против руските сили од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Буданов стана многу истакната личност и во Украина и на Запад, каде што е претставен како задкулисен организатор на операциите за возвраќање на Русија. Тој е предмет на омраза во руските медиуми.

Доколку се потврди дека било намерно, труењето на неговата сопруга би било најсериозен удар за член на семејството на висок украински лидер за време на 21-месечната војна.

Труењето први го објавија украинските медиуми.

Порталот „Бабел“ цитира неидентификуван извор кој вели дека Буданова е во болница и го завршува лекувањето поради труење.

Весникот „Украинска правда“ цитира неидентификуван извор кој вели дека отровот најверојатно бил внесен преку храна.

„Бидејќи сопругата на Буданов е прилично слаба брзо се појавија симптоми“, велат изворите кои потврдија дека се отруени уште неколку вработени во агенцијата, „но тие се со поголема градба, па веднаш не ги забележале знаците на труење“.

Москва претходно ги обвини украинските тајни служби за убиствата на провоен руски блогер и провоен новинар на руска територија. Украина негира вмешаност во смртните случаи.

Одделно од овој настан, руските медиуми објавија дека московскиот суд во април отворил судски процес против Буданов во отсуство под обвинение за тероризам.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен руски напад, 20 мртви во неколку градови, погодена детска болница во Киев

Горан Наумовски