Фронтменот на Jane’s Addiction, Пери Фарел, предизвика хаос на сцената откако го удри гитаристот Дејв Наваро за време на концерт, што резултираше со итен прекин на шоуто.
Инцидентот се случил во петокот вечерта во Бостон, а сега е тема на сите светски медиуми.
Сè започна за време на изведбата на песната „Ocean Size“, кога Фарел одеднаш почна да испушта чудни звуци и да пцуе во микрофонот. Откако тој врескаше, ситуацијата ескалира и дојде до физичка пресметка со Наваро. Ударот започна со рамо, но набрзо настана целосен метеж, бидејќи светлата на сцената наеднаш се изгаснаа, а од публиката се слушнаа дополнителни удари.
Членовите на бендот потоа се појавија на предната страна на бината, се извинија на публиката и испратија порака за мир, завршувајќи ја вечерта под тешки околности.