Пет лица загинаа во невреме во Романија

Од:

Пет лица загинаа во невремето што ја погоди источна Романија. Спасувачките служби се бореа да спасат 95 луѓе во тешко погодените источни области Галати и Васлуи, соопшти Одделот за вонредни ситуации без да даде детали за начинот на смртта, пренесува АП.

Хеликоптер Black Hawk беше распореден во Галати за да помогне во мисии за транспорт и спасување.

Невремето погоди 19 места во осум окрузи во Романија, а силниот ветер собори десетици дрвја кои оштетија автомобили и ги блокираа патиштата.

Романскиот премиер Марсел Чолаку ги откажа планираните активности со цел да отпатува во областа Галати и да ги процени штетите од невремето.

Властите во неколку централноевропски земји најавија дека викендов тешки поплави ќе ги погодат Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски