ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски давал под закуп земја на фирми блиски до СДС

Од:

Љупчо Дон Николовски давал под закуп земја на фирми блиски до СДС, ја дозволувал нивната нелегална работа и го оштетувал буџетот кој се полни со пари на граѓаните. На фирмата ДЗС Илинден и се давале субвенции иако договорот за закуп бил раскинат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За што станува збор? Во 2019 година е започнат спор за неплатен закуп за три години, односно за 2017, 2018 и 2019 година. Во овој период Дон Николовски го толерирал должникот. Неплаќањето се констатира од надлежните во 2021 година кога се носи Изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп на земјоделско земјиште. Изјавата е потврдена со правосилна пресуда на Апелациски суд, Скопје.

И покрај фактот што Министерството за земјоделие носи Изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп, не ја почитува понатамошната процедура, односно реализација на Изјавата. Поради неизвршување на законските надлежности и обврски од страна на Министерството, поточно да спроведе постапка прво, за бришење од единствениот регистер на земјоделски стопанства, и второ, некоординација со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, му овозможува на закупецот и по раскинувањето на договорот за закуп истиот да може да зема пари, односно субвенции.

Прво, ДЗС Илинден спротивно на член 14-а од Закон за земјоделство и рурален развој не е евидентиран на листите за должници. додека имал право да го користи договорот од страна на МЗШВ, во време кога Љупчо Дон Николовски е министер. Второ, спротивно на член 15 од истиот Закон, Министерството не го избришало договорот за закуп од единствениот регистер на земјоделски стопанства кој е основ за апликација за субвенции и така фирмата нелегално добила 13 милиони денари или нешто над 200 илјади евра во период од три години или од 2021 заклучно со 2023 година. Нерегуларностите се случуваат во период кога Николовски е вицепремиер во владата за борба против корупција и добро владеење. Значи тој ја дозволувал корупцијата. Заклучок, Николовски доделувал неосновано, односно спротивно на закон субвенции во огромни суми. Или, според веќе познатите информации, Арекспорт неосновано земала половина милион евра субвенции, а ДЗС Илинден земала исто неосновано околу 200 илјади субвенции“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Горан Наумовски

Бојковска: Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати