Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го критикуваше Израел за „секојдневна саботажа“ на решението за две држави со Палестина и изрази жалење што, како што наведе, израелските политичари ги извртуваат неговите зборови за да изгледа дека го поддржува Хамас.
Во интервју за шпанската агенција Ефе, тој рече дека начинот на кој Израел ја води војната во Газа е „целосно неприфатлив, со нивото на смрт и уништување“ што не го видел за време на неговиот мандат како шеф на ОН.
Гутереш ги окарактеризира настаните на окупираниот Западен Брег како „конфискација на палестинска земја“, што, како што тврди, претставува „дневна саботажа на неопходното решение за две држави“.