Се судрија „сканија“ и „БМВ“, загина возач и сопатник од Гостивар, уапсен е возачот на камионот

Од:

Синоќа во 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ” управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и товарно возило „сканија” управувано од А.Т.(60) од Косово.

Во несреќата, од здобиените повреди возачот Б.Х. починал на местото на настанот, додека сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар, каде подоцна починал.

Возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба полициски службеници го уапсиле возачот А.Т.(60) од Косово.

Против возачот на „сканијата“ е поднесена кривична пријава по брза постапка и ќе биде изведен пред надлежен суд.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри