Националните координатори се системски паразити со плата над 100.000 денари

Од:

Деновиве во јавноста произлезе информацијата дека Владата на Република Македонија предводена на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ ги разрешила претходните национални координатори именувани од СДС и именувала „нови и свежи кадри“ од сопствените редови. „Новите кадри“ за јавноста се познати како политички влекачи, кои целата своја кариера ја поминале паразитирајќи во различни државни инстутуции. Помеѓу нив се: поранешниот пратеник на ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, и привезокот на секоја влада во Македонија, Павле Трајанов, како и Солза Грчева, велат од Левица.

“За извршувањето на своите нови должности, кои на јавноста, а убедени сме и на самите национални координатори не им се познати (должности за кои се сомневаме дека воопшто постојат за именуваните функционери!), ќе добиваат плата од народниот буџет во висина од над 100.000 денари! Ситуацијата со „националните координатори“ претставува последен стадиум на системот на патронажа, типичен за капиталистичкиот поредок кој претставува рак – рана на македонското општество. Ситуација во која што се создаваат цели институции и функции, чија единствена цел е вработување на неписмени партиски паразити, додека привилегиите се делат помеѓу одредени општествени, економски и политички елити.

Сето ова се случува додека обичниот граѓанин одвај го преживува секој месец, работи за бедна плата и го полни буџетот на државата, а истиот тој буџет наместо да му обезбеди социјална држава, квалитетно образование и достојно здравство, како што е предвидено во Уставот на Република Македонија, се користи за богатење на системските паразити. Левица, како единствен политички претставник на работниците, безгласните, обесправените и угнетените граѓани, безусловно се залага за целосно УКИНУВАЊЕ на функцијата „национален координатор“! Овие имагинарни институции се користат за задоволување на коалициските партнери и ухлебување на отпадокот на политичкиот естаблишмент. Дополнително, бараме пренасочување на финансиските средства кои се користат за ухлебување на овие функционери кон подобрување на социјалната заштита и намалување на општествените нееднаквости“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он