ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишник осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Истрагата е поведена бидејќи полициски службеници на 9 септември кај осомничениот во селото Јажинце пронашле 107 гранки со лисја и вршунки во делумно свежа состојба од растението канабис сатива. До судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставен е предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Притвор и куќен притвор за двајцата осомничени кои нападнаа новинари во Визбегово

А1он

Арамија оди во притвор за кражба во кујна во Скопје, украде и „голф 3“

А1он

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

Непријавена марихуана најдена во фирма во Свети Николе, поднесена е кривична

А1он