Пет вкусови на храна: Тоа што го јадеме го открива нашиот карактер

Од:

 Др. Ален Хирш, невролог и психијатар од Чикаго, пред неколку години направи истражување, со кое опфати 18 илјади испитаници и дојде до резултати со кои точно се покажува односот на желбата за одредена храна со карактерот.

Јасно е дека желбите за одредени вкусови се само дел од она што не прави индивидуи на одреден карактер, но како што истакнува др. Хирш суптилни карактеристики како што се вкусот во храната не се безначајни како што порано се сметало.

Какви сме всушност, лесно можеме да исчитаме од сопствените потреби за основните пет вкусови кои не треба да ги менуваме туку треба да ги задоволуваме, но како што истакнува Др. Хирш умерено и контролирано.

1. СОЛЕНО САКААТ УСПЕШНИ КОИ ВО ЖИВОТОТ СЕ ВОДАТ СО РАЗУМ А НЕ СО СРЦЕ

Лицата кои чувствуваат желба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но многу се енергични и храбри во критични ситуации, одлучувајќи врз основа на разумот, а не со срцето.

Со оглед на тоа дека често им препуштаат на другите да им ги кројат приватниот и службениот живот, таквите може да ги смири чипс или порција солен помфрит, а се од причина затоа што имаат недостиг на минерали во организмот.

2. СЛАТКО САКААТ СЕНЗУАЛНИТЕ, ХЕДОНИСТИ КОИ САКААТ ДА ЖИВЕАТ НА РАБОТ

Лицата кои чувствуваат голема желба за темно чоколадо, сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува раскалашен живот, додека во службениот свет, целат на водечките позиции. Оние кои копнеат по млечно чоколадо често се тивки и повлечени. Лицата кои се „по благото“ се големи хедонисти и ретко жалат за пропуштените можности.

Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот серотонин и совршен е десерт кој делува како антидепресив, а помага и кај малаксаноста кога на телото му е потребно брзо разбудување.

3. СЛАТКО-СОЛЕНО САКА КРЕАТИВЕЦОТ И САМОТНИКОТ

Лицата кои сакаат комбинации на слатко и солено најмногу сакаат да бидат сами, креативни се и сакаат да управуваат со сопственото време и простор, не поднесуваат надреденост, а повеќе од се ја цената приватноста.

Честата желба за комбинација на слатко и солено е знак дека во организмот недостасува гликоза и натриум. Се чувствуваме омалаксано и забавено, заради што поголемиот број посегаат по комбинација на солени грицки и слатки чоколади за да ја вратат силата и ја задоволат потребата за солено.

4. ЛУТАТА ЗАЧИНЕТА ХРАНА ЈА САКААТ ТЕМПЕРАМЕНТНИТЕ ЛИЦА

Темпараментите лица кои не сакаат да губат време на неважни работи се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина, со неверојатна брзина извршуваат повеќе клучни работи наеднаш, а храната со зајакнат вкус ги смирува.

Ваквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето па треба да се биде внимателен затоа што таа создава зависност.

5. ГОРЧЛИВО САКААТ МИСЛИТЕЛИ И ГРИЖЛИВИ

На мисловните лица кои одлучуваат врз основа на разумот, а тешко се препуштаат на логиката на срцето често им се забележува дека не се доволно страсни. Таквите се обожаватели на горчливите вкусови, инаку најмалку застапени вкусови во категоријата – омилени.

Горчливата храна го урамнотежува нивното студенило кое е на површина, а во длабочината на својата душа се плашлливи. Горчливиот вкус ги исполнува со благо незадоволство кое ги тера да одат понатаму и ги видат работите такви како што тие навистина се, без розови очила.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ