Поплавите во северна Нигерија убиле повеќе од 80 отсто од животните во големата зоолошка градина, која била дом на многу диви видови, вклучувајќи лавови, крокодили, биволи и ноеви, соопштија од властите во паркот.
„Поради поплавите, опасните животни како крокодили и змии стигнаа до блиските населби“, се вели во соопштението на зоолошката градина во паркот Санда Кјарими во врска со поплавите во нигериската сојузна држава Борно, со апел до жителите да бидат внимателни.
Поплавите почнаа кога браната се прелеа по обилните дождови, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.
Катастрофата погоди и други клучни објекти во главниот град на државата Борно, Мајдугури, вклучително и пошта и болница, соопшти кабинетот на нигерискиот претседател Бола Тинубу. Претседателот, исто така, ги повика луѓето да се евакуираат од најтешко погодените области.