Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Од:

Пратениците на ДПМНЕ: А. Милошоски, Б. Ласовска, Ели Панова, Д. Стојановска и Б. Стојановски поднесоа законски измени со кои се брише името Република Македонија од „Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен основ во втор степен“.

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска побара оваа точка да биде тргната од дневен ред.

„Причината зошто барам да се повлече овој предлог закон од дневен ред е членот број 11 кој гласи: ‘Низ целиот текст на законот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија.’ Дури и она што СДСМ не успеа да ја избрише Република Македонија од сите законски и подзаконски акти, гледаме како денес ВМРО-ДПМНЕ го брише секој писмен траг од постоењето на една држава со име Република Македонија и е учесник во бетонирањето на новиот ‘Северномакедонски’ идентитет!“, рече Мојсоска.

Пратениците на ДПМНЕ гласаа против предлогот и го поддржа воведувањето на „Северна“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази