Тројца повредени во директен судар на две возила на патот Битола – Демир Хисар

Од:

МВР извести дека синоќа е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „хјундаи“ управувано од Д.П.(21) од Битола и возило „фолксваген поло“ управувано од И.А.(30) од с.Белче, демирхисарско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „хјундаи“, М.Г.(21) од с.Брусник, битолско и возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски