ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ апелира сите пратеници и пратенички групи во Собранието да го поддржат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој, како што велат ќе се овозможи линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија.

-Апелираме за соработка од сите пратенички групи кога се работи за доброто на нашите граѓани. Ги повикуваме сите пратеници за поддршка и веднаш уште денеска во согласност со Собранискиот деловник да се закаже Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Со овој закон ќе се оствари право на повисока пензија на 300.000 наши пензионери. 300.000 пензионери добиваат повисоки пензии, подобар животен стандард и подобри услови за живот. Ова е само почеток на она што го ветивме, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, дополнително покрај ова покачување, во месец март ќе има зголемување од уште 2.500 денари линеарно за сите пензионери.

-Тоа значи реализација на едно од клучните ветувања во предизборниот период на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија” за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжиме да се бориме за нашите граѓани да имаат подобри услови за живот. Животниот стандард на нашите сограѓани е еден од врвните приоритети на ова парламентарно мнозинство, рече Стојановски.

Тој додаде дека како партија упатуваат апел до сите пратеници и пратенички групи уште денеска да го изгласаат овој Закон и да се излезе во пресрет на 300.000 пензионери во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Предраг Петровиќ

Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он