Левица: Поради проблеми со струјата и водата, одложен е стартот на учебната година во О.У. „Визбегово“

Од:

Во изминатата година стартот на работата на општинското основното училиште „Визбегово“ во населеното место Визбегово беше повеќе пати најавувана од локалната власт, но проблемите со приклучоците на електричната и водоводната мрежа како и техничкиот прием беа посочени како главна причина за пролонгирање на почетокот на работа, велат од Левица.

„Стартот на работата на училиштето требаше да се случи на 2 септември, официјално ден за почеток на учебната 2024/25 година но за жал тоа не се случи. Како главна причина за одложеното старт на учебната година е отсуството на наставниот кадар и техничкиот персонал.

Годишниот план за вработување за 2024 година директорот на ООУ Визбегово во Општина Бутел го има поднесено на 06.09.2024, а советот на Општина Бутел на 45 седница одржана на 10.09.2024 година го изгласа. Процедурата да се реализираат овие вработувања ќе трае неколку недели што дополнително ќе го пролонгираат стартот на учебната година во ООУ Визбегово каде за оваа учебна година се запишани 222 ученици, распоредени во паралелки од прво до петто одделение. Следствено на погоре напишаното прашуваме: Дали и како ќе се одржи пропуштената настава? Дали некој ќе сноси одговорност за неоправдано одложениот старт на учебната година“, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна