Рускиот претседател Владимир Путин нема да отпатува на претстојната седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи, според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, САД не се најдобрата дестинација за денешното патување на рускиот лидер.
„Путин не патувал во последните години. А САД, инаку земја која не ги исполнува на најдобар начин своите обврски, како земја во која се наоѓа седиштето на ОН, засега не е најдобрата дестинација за патување“, изјави Песков, пренесува РИА.
Путин претходно го одобри составот на руската делегација од десет лица кои ќе учествуваат на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи на 22 и 23 септември во Њујорк.
Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.