Седумдесет и петгодишна жена е тешко повредена откако паднала од тераса бегајќи од синот кој ја тепал. Грчката полиција добила дојава дека жена паднала од терасата во Агринио, откако синот ја бркал.
Жената се здобила со бројни скршеници на рацете, нозете и карлицата. Во тешка состојба била пренесена во болница.
Според истрагата, синот прво вербално, а потоа и физички ја нападнал мајката. Таа се фрлила од терасата кога тој се фатил за железна прачка сакајќи да ја претепа.
Полицијата го привела насилникот, кој e oсомничен за семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда.