Во главниот град на Украина, Киев, ноќеска одекнаа експлозии и беше активна противвоздушна одбрана, објави Киев Пост на официјалната сметка на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на локалните власти.
Украинската веб-страница UAZMI News објави дека руските сили го нападнале Киев и тврди дека воздушната одбрана ги уништила сите беспилотни летала на периферијата на главниот град на Украина.
Синоќешниот напад бил петти од почетокот на овој месец. Воздушниот напад во градот траеше повеќе од еден час.