Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Од:

Арина Сабаленка ја освои третата Грен слем титула во кариерата и е шампионка на Њујорк. Таа во финалето на УС Опен ја победи Џесика Пегула со 7:5, 7:5 и по мечот, не можеше да ги сокрие солзите.

Тоа беше нејзин 27. Грен слем триумф на земјена подлога во последните две години во 28 меча, што само покажува колку е доминантна.

По натпреварот Сабаленка истакна:

– О Боже, јас сум без зборови. Бев толку блиску минатата година, тоа беше мојот сон. Конечно го освоив овој прекрасен трофеј. Имав неколку тешки недели – рече Арина, а потоа се сврте кон Пегула:

– Честитки, одигравте прекрасен тенис и сигурен сум дека ќе играте повеќе финалиња. Вие сте одличен играч. Бев нервознa во вториот сет, но се борев за победа. Ова многу ми значи.

Минатата сезона Сабаленка веќе играше во финалето на УС Опен, но загуби од Коко Гоф.

Би можело да ве интересира

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ