Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Од:

Катедралата Света Елизабета во словачкиот град Кошице денеска добила закана за бомба, поради што полицијата во моментов ја пребарува црквата.

Овој пат заканувачкиот мејл е испратен до Католичката црква, а неговата содржина е слична на содржината на мејловите што стигнаа до училиштата низ Словачка на почетокот на неделава, соопшти регионалната полиција, пренесува ТАСР.

“Ситуацијата ја имаме под контрола. Веднаш презедовме безбедносни мерки. Покрај полицијата на теренот има и куче кое е специјално обучено да бара експлозив. Во близок контакт сме со претставниците на црквата. Заедно со нив, полициските екипи најостро ги осудуваат ваквите закани за напади врз цркви“, се наведува во соопштението на словачката полиција.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени