Српската радикална партија смета дека геј парадата треба да се забрани, но не под лажен изговор дека нејзино одржување не е поради безбедноста, туку затоа што тоа не е нормално, изјави заменикот на претседателот на партијата, Немања Шаровиќ.
-Ја поздравуваме изјавата на премиерот Дачиќ со која го потврдува овој став на СРС-наведе Шаровиќ и запраша зошто доколку тоа не е нормално во Србија воопшто се разгледува можност за одржување на парадата и зошто државата ги штити геј лобистите.
Шаровиќ предупреди дека доколку не запре пропагирањето на ненормални европски вредности во Србија, утре може да се случи да се легализира детска порнографија и геј бракови.
Елена Георгиевска