ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како јапонски турист

Од:

Филипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист.
Оваа негова моќ да се преправа како да не е од тука е на ниво на стрип јунак. Да го потсетиме дека тој е суштински дел од проблемот на неказнивост. Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДС тој освен што сака не казнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и се уште му е извршител на Заев во сите матни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме. Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава. Македонија не може целосно да победи ако финално не ги порази последните обиди на Заев преку неговиот тендер-хирург Филипче да се врати во власта. Народот тоа го знае и освен што ќе изгубат и треба да одговараат еден по еден за сите неправди кон Македонија и целата штета што и ја направија. Филипче се осврнува на неказнивоста свесен дека обвинителско судските кругови се во рацете на неговиот газда Зоран Заев и неговиот инструктор Али Ахмети. Место да покаже зрелост и да ги тргне рацете од судството и обвинителството тој го потценува народот по којзнае кој пат и мисли дека со триковите и измамите на Заев ќе успее да добие некој глас плус. Но затоа е прочитан и затоа на закажан протест на СДС имаше повеќе новинари од протестирачи. Народот знае со кого си има работа. И за жал на следните избори ако СДС вака продолжи ќе дојде на ниво на 100 илјади гласови и ќе им следи пасокизација“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот