Најмалку 13 лица од кои повеќето деца, се удавија, а седуммина се сметаат за исчезнати откако брод се преврте во танзаниското езеро Тангањика.
Во несреќата се удавиле 11 деца на возраст меѓу две и пет години.
Тие патувале во болница во соседно село за да примат вакцини. Девет од 30 патници успеале да се спасат. Според полицијата, бродот можел да пренесува до 25 патници.
Капетанот и сопственикот на бродот исчезнале по несреќата, соопшти полицијата која е во потрага по нив.