(ВИДЕО) Трајковски: Образованието мора да биде приоритет, власта да ги промени погрешните политики

Од:

Иако власта се обиде да изврши притисок преку директорите на училиштата да не се присуства на овој собир, еве сме, гласни и горди, да го кренеме гласот за поголеми плати на наставниците. Од овој септември платите на просветните работници требаше заради законско усогласување да бидат зголемени за 12,15% односно во просек да се зголемат за 4.300 денари, изјави Петре Трајковски, наставник, на денешниот собир на наставници и просветни работници.

– Ветувања за подобри услови за живот, поголеми плати, наставниците добиваа и од актуелната министерка Весна Јаневска кога беше опозиција. Седна во удобната фотелја и заборави на наставниците. Евентуално вели во март наредната година. Изминатите 7 години секоја година се зголемуваа платите и зголемувањето стигна до 55%: Прво во септември 2019 зголемување за 5%. Второ во септември 2020 ново зголемување за уште 5% Трето во септември 2021 ново зголемување за 10% Четврто, во септември 2022 година ново зголемување на платите за нови 15%. Петто, во јануари 2023 за нови 3% и последно, шесто зголемување на платите во септември 2023 за нови 15%.Кумулативно за повеќе од 55%. Ако во 2016 година основната платата на наставниците во основно образование изнесувала 21.100 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 33.640 ден. Ако во 2016 година основната платата на наставниците во средното образование изнесувала 21.950 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 35.200 ден. Наставниците тоа го заслужиле никој не им го подарил. Исто како што денеска тоа го заслужуваат. Само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт нема пари за наставниците. Никој да не лаже дека немало пари за поголеми плати во образование. Пари има, прашањето е на приоритети. Образованието мора да е приоритет. Станува збор за достоинството на образованието. Променете ги погрешните образовни политики – изјави Трајковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски