(ВИДЕО) Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите

Од:

Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација. Учителот, наставникот, професорот, просветниот работник е огледало на воспитно – образовниот процес, клучна алка за подобро образование и воспитание на младата популација, изјави Розалија Ангеловска, наставничка, на денешниот собир на наставници и просветни работници.

– Едно општеството може да оди напред само ако водиме грижа за зголемување на квалитетот на образованието. А токму наставниците ја играат најзначајна улога за унапредување на образованието, но и уште повеќе, за децата правилно да се насочат кон иднината во сите современи сфери и аспекти од животот. За наставниците секогаш во центарот на вниманието биле, се и ќе бидат учениците и студентите. Грижата за наставникот е грижа за оние кои го воспитуваат и образуваат нашите децата. А децата се нашата иднина, градители на нашето општество. Борбата за подобар животен стандард и достоинството на наставниците е борба за идните генерации. Просветните работници не сакаат да бидат потценети, девалвирани и уценети, пренатрупани со технички активности кои ги одвлекуваат од суштината на воспитно образовниот процес.

Сакаат да бидат морално и материјално соодветно вреднувани, да работат во современи училишта, без казни и терор, со поголеми плати, и подобри услови за работа. Бараат да бидат вклучени во подготовките на сите реформски процеси, да го дадат својот придонес за образованието. Ако можеше за 7 години секоја година да се зголемува платата на наставникот нема оправдување сега да не се зголемат. Законска обврска мора да се почитува. Одговорност на власта е да ги зголеми платите на наставниците, во септември за 12%. Од овде, пред зградата на надлежното Министерство порачуваме: Нема оправдувања! Зголемете ги платите! Наставниците тоа го заслужуваат – рече Ангеловска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата, сега е сè јасно