Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен

Од:

Годинава, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.

– Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците.

Јаневска додаде дека според информациите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едно сменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

– Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едно сменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска.

Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности.

Би можело да ве интересира

Нема да има пролетен распуст за учениците

Граѓаните не мислат само на избори: Распродадени туристичките аранжмани за Први Мај и Велигден

A1on

Учениците од денес на зимски распуст

Наум Локоски