Навивачите на Осиек и Хајдук денеска околу 13 часот и 25 минути се истепаа во Сплит, јавува денеска Далмација.
31.08.2024🇭🇷HNK Hajduk Split – NK Osijek, Torcida Split – Kohorta Osijek fight in Split, They detained a total of 21 people. Six people are from the Split area, and the rest of those detained are from the Osijek area. One Kohorta in hospital, check more here:… pic.twitter.com/SYZBsUzJzd
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 31, 2024
„Полициските службеници многу брзо излегоа на местото на настанот и го прекинаа понатамошниот конфликт. Досега во полициските простории се донесени 21 осомничен, од кои 15 од областа Осиек и шестмина од Сплит. Едно лице заврши во болница“, соопшти полицијата.
Сите околности на настанот се утврдуваат и во тек е кривична истрага.
Хајдук и Осиек од 20:45 часот на Пољуд го играат натпреварот од петтото коло на Суперспорт ХНЛ.