Пожар зафатил зграда во центарот на Москва, а на социјалните мрежи се шират снимки од последниот пожар на руска територија.
🔥 Fire broke out in the center of Moscow: a three-storey administrative building has been burning for several hours, – Russian Emergencies Ministry
The fire area is reportedly thousands of square meters. Helicopters, drones and fire-fighting ship "Colonel Chernyshev" were… pic.twitter.com/oOWZjCeHmu
— NEXTA (@nexta_tv) August 31, 2024
Пожарот избувна на вториот кат од трикатната административна зграда на насипот Бережковскаја бр. 20, на приближно пет и пол километри од Кремљ, јави државната новинска агенција ТАСС.
Се вели дека повеќе од десет организации имаат седиште во зградата. ТАСС наведува дека пожарот се проширил на повеќе од 1.000 квадратни метри, а го гаснат 130 пожарникари, хеликоптер и противпожарен брод.