Драматични сцени пристигнуваат од Романија, која ја погоди страшно невреме. Областа во близина на Црното Море ја зафати силно невреме, а за само неколку часа наврна дожд колку што врне за осум месеци.
Улиците во Констанца, Мангалија и многу други места беа како реки. Уништени се плажите, морето однесе чадори и лежалки, баровите беа полни со вода како базени, а во поплавите уништени се и многу автомобили.
Локалните медиуми јавуваат дека некои населени места се отсечени од светот, а пожарникарите и спасувачите имаат полни раце работа додека спасуваат луѓе, меѓу кои стари и немоќни лица, како и деца.