Утре пороен дожд и грмежи, од недела сончево со повисоки дневни температури

Од:

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде 18, а максималната 32 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.

Би можело да ве интересира

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи

Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени

Променливо облачно и посвежо и денеска и во викендот, подобрување од понеделник