А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Не е точно дека автопатот до Блаце нема да се гради, бараме поодржливо решение вели заменик-министерката за транспорт

by А1он30/08/2024 - 09:5030/08/2024 - 10:56482
Share0

Во врска со последните дезинформации што кружат во медиумите, сакам да нагласам дека министерот Николовски не изјавил дека проектот за автопатот Скопје-Блаце нема да заврши. Вистината е дека првиот сегмент од 2 километри веќе е завршен и се очекува да биде отворен за сообраќај во следните два месеца, вели во рекација сдо медиумите заменик-министерката за трнаспорт Калтрина Зеколи Шаќири.

Добивај вести на вибер

– За останатиот дел од автопатот, разгледуваме можност за повторен проект за да обезбедиме поодговарачко и поодржливо решение. Овој повторен проект е неопходен поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на Јавниот Патишта, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини. Од 12-те километри планирани, шест километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект изразито скап без јасни причини со проценета цена од околу 240 милиони евра за преостанатите 12 километри, односно околу 20 милиини евра по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот. Во моментов, како министерство, разгледуваме можности за алтернативна траса, која ќе поминува покрај постојната патека. Ова решение ќе обезбеди полесен пристап за граѓаните и поволна цена на изградба, во согласност со нормалните стандарди на изградба на патишта. Нашата цел е да го завршиме овој проект на ефикасен и економски пријателски начин, обезбедувајќи дека автопатот Скопје-Блаце ќе биде современ и функционален пат, кој ги исполнува потребите на граѓаните и придонесува за развојот на регионот, се вели во реакцијата од Зеколи Шаќири.

aleksandar nikoloskikalrtina zekolki shakiriskopje-blace

Би можело да ве интересира

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот долж Коридорот 10

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 14:34

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Катерина Ѓуровски06/11/2025 - 11:29

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Горан Наумовски30/10/2025 - 18:11

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он28/10/2025 - 17:41

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

А1он08/10/2025 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен