Макрон: Местото на Србија е во ЕУ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на своето обраќање му се заблагодари на претседателот Вучиќ за топлото добредојде и истакна дека му е мило што со својата делегација e во Србија.

„Би сакал денеска со моето присуство да испратам порака за пријателство од Франција до Србија и најодлучно да објавам дека вашата земја има место во Европа, во Европската Унија“, рече Макрон.

Тој изјави дека во последните пет години односите меѓу Србија и Франција доживеале нов подем.

„Нашата економска соработка е зајакната. Француските компании се вклучија во долгорочни инфраструктурни проекти како што се белградското метро, ​​модернизацијата на аеродромот „Никола Тесла“, каде утре ќе ги прославиме успешно завршените работи, модернизацијата на електродистрибутивната мрежа, управување со отпад и соработка во областа на здравството“, истакна Макрон.

Потенцира дека економските активности се сè побројни во двете насоки и дека постигнуваат поголеми успеси, што го покажаа разговорите во Белград во јуни и во Париз на почетокот на август на маргините на Олимписките и Параолимписките игри.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Мандатар за новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут

Горан Наумовски