ВМРО-ДПМНЕ: На Скопје веднаш му треба решение за автобуски превоз, а не по една година

Од:

Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново нилионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година.

Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот