Гроси: Постои опасност за нуклеарен инцидент

Од:

Постои опасност од нуклеарен инцидент во областа Курск, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси по посетата на нуклеарната централа Курск.

„Овде постои опасност од нуклеарен инцидент… Денеска ми кажаа за неколку случаи на напади на територијата и општо на објектите на станицата, тоа што се водат воени операции на неколку километри од нуклеарната електрана, што предизвикува големи стравови и загриженост за безбедносниот режим“, рече тој на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Гроси нагласи дека МААЕ ширум светот е одговорна за одржување на режимот на нуклеарна и физичка безбедност на нуклеарните постројки.

Поради оваа причина, тој ја прифати поканата на Владимир Путин и дојде во нуклеарната централа Курск со членовите на неговиот тим за лично да ја процени ситуацијата и заедно со руските колеги да најде некакви решенија. Гроси посочи дека МААЕ може да предложи одреден број чекори и мерки за безбедноста на нуклеарната централа во Курск.

Тој додаде дека планира да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела во Киев.

„Следната недела ќе бидам во Киев, ќе разговарам со претседателот Зеленски“, рече Гроси, додавајќи дека планира да разговара со Зеленски за голем број прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и присуството на претставници на МААЕ во Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски