Аларм во Берлин: Русите планирале напад врз базата на НАТО во Германија

Од:

Русија планирала да изврши диверзантска операција со помош на беспилотни летала за да ја нападне воздушната база на НАТО лоцирана во Гејленкирхен, Германија, според германските разузнавачки извори кои зборувале за германската новинска агенција (ДПА).

Овој објект на НАТО, кој се наоѓа во Северна Рајна-Вестфалија, беше мета, што предизвика сериозна загриженост во меѓународните безбедносни кругови.

Минатата недела воздухопловната база на НАТО Гејленкирхен-Теверен беше ставена на статус „Чарли“, втор највисок степен на борбена готовност, како мерка на претпазливост откако американската тајна служба предупреди за можен напад.

Разузнавачките податоци покажаа дека е можен напад со дрон врз базата.

Од засега непознати причини, Русија го повлече својот план. Поради ова, безбедносните мерки во петокот беа намалени на „Браво+“.

Германските разузнавачки извори потврдија дека се добиени сериозни директиви од разузнавачката служба кои укажуваат на „подготвителни акции за веројатна руска саботажа против база на НАТО, вклучително и употреба на беспилотни летала“.

НАТО го користи Гејленкирхен од 1980 година и го користи како база за своите извидувачки авиони.

Гејленкирхен е дом на 14 авиони Боинг Е-3А Систем за воздушно предупредување и контрола (AWACS), опремени со радари со долг дострел и сензори способни да детектираат воздушни и површински цели на долги растојанија.

Авионот Е-3А може да оперира на надморска височина од 9.150 метри, покривајќи површина за надзор од повеќе од 300.000 квадратни километри.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна