Мицкоски: Ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите седум години, а ЈО да реагира и да испита

Од:

Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите седум години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите седум години.

„Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите седум години“, дециден е Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК

Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“

Мицкоски: Нема да влезам во процес без гаранции за членство во ЕУ

Мицкоски: Обезбедуваме инвестиции, работни места и економски раст меѓу петте највисоки во Европа