Почина Свен Горан Ериксон

Од:

По долго и тешко боледување, на 76-годишна возраст почина Свен Горан Ериксон. Славниот Швеѓанец боледуваше од најлошата болест, додека веќе некое време се збогуваше со последните атоми на силата. За жал, тој не можеше повеќе да ја издржи борбата.

Веста за неговата смрт ја објави семејството преку соопштение.

– Свен Гораан Ериксон почина по долго боледување, почина дома опкружен со семејството. Ќерката Лина, синот Јохан со сопругата Амана и внуката Скај се простија од Свен. Таткото Свен, девојката Џенисет со синот Алисде, братот Ларс Ерик и неговата сопруга Џумнонг. Семејството со ова бара да се почитува нивната желба да тагуваат во приватноста и да не контактираат со нив – соопштија од семејството.

Свен Горан Ериксон е познато име во светот на фудбалот, особено што тренираше доста голем број клубови.

Работел во Дегерфорс и Гетеборг во својата татковина, пред да замине во Европа. Беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гуангжу, Шангај и Шенжен, додека како тренер работеше и во Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.

Би можело да ве интересира

Тешко болниот Ериксон испрати проштална порака: Имав добар живот, а за тоа треба да платиш за тоа

Предраг Петровиќ

Ериксон ги стопира сите бизнис активности во Русија

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ