Во Германија маж побарал помош од полицијата бидејќи заборавил каде го оставил своето двегодишно дете, пишуваат германските медиуми.
Мажот ја напуштил централната станица во градот Карлсруе во четвртокот рано наутро, возејќи велосипед на кој била прикачена детска приколка, изјавила портпаролката на полицијата.
Полицајците ги прегледаа снимките од надзорните камери и го следеа неговото движење до блиската железничка станица Албтал, изјави портпаролката на федералната полиција. Таму го нашле детето како спие во приколката.
„Има празнина помеѓу 5:30 и 7 часот наутро. Во 5:30 часот човекот ја напушти областа на Централната станица Карлсруе со велосипед и приколка. Во 7 часот се качува на S-Bahn во правец на Гермерсхајм. Во 9 часот се вратил на S-Bahn, а потоа во 10:30 побарал помош од федералната полиција за пронаоѓање на детето изјави портпаролката на полицијата за Билд.
Детето не е повредено. Полицијата ја известила социјалната служба, а детето потоа било предадено на членовите на семејството.