На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Од:

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за нови 60 дена на Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето кое во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет негови врсници и чуварот на училиштето.

Притворот може да трае најмногу 60 дена.

На Кецмановиќ му е продолжен притворот поради околности кои укажуваат дека во случај да биде пуштен на слобода, за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради основано сомневање дека сторил кривично дело за кое затвор е пропишана казна од над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, информираат од тој суд.

Во обвинението, Кечмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, а Миљана Кечмановиќ за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

За овој случај, судењето започна, но судијата одлучи да го затвори судењето за јавноста на предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст