Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Од:

На граничниот премин Ќафасан, на македонско – албанската граница, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на 500 литри нафта, која од македонска на албанска територија ја пренесувал жител на Елбасан.

-По засилената работа на службите на Граничната полиција, во текот на летната сезона, со цел спречување и сузбивање на криминални активности, на граничниот премин Ќафасан на влез во Република Албанија, на втората линија за детални проверки, во камион откриени се пластични туби со 500 литри дизел, без соодветна документација. Уапсен е 49-годишен жител на Елбасан, стои во полициското соопштение.

Тој пред судот во Корча ќе одговара за кривично дело „криумчарење стока за која се наплатува акциза и избегнување царински давачки“.

Деновиве албанската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

Кај нив полицијата открила прехранбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од македонска територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Саудиска Арабија ја прекинува испораката на нафта за Европа

Катерина Ѓуровски

Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Хаос на нафтениот пазар: Дронови запалија саудиски нафтени постројки, загрозена главната извозна рута

Нови тензии на Блискиот Исток: Погоден е брод во Ормутскиот теснец, нафтата одма поскапе

Нови цени на горивата